Што се микробилки, зошто се корисни и како да ги одгледате сами?
Микробилките претставуваат млада верзија на растенија од зеленчуци, семиња и мешунки, и се богати со хранливи материи – дури и повеќе од созреаниот зеленчук. Растат во период од 10-тина дена, а лесно можете да ги одгледувате и сами.
Таканаречените микробилки (или микросалати) изминативе неколку години стануваат популарни и кај нас.
Микробилките претставуваат млади растенија од зеленчуци, мешунки и семиња кои не се пораснати целосно, односно се берат десетина дена откако ќе изртат.
Тие се младата фаза на растението и имаат само мало стебло и мали ливчиња.
Кои се придобивките од микробилките, но и како да ги одгледувате сами?
Од кои растенија се одгледуваат?
Микробилките можат да се одгледуваат од разни зеленчуци, мешунки и семиња, како:
- Брокула
- Зелка
- Грашок
- Чиа
- Спанаќ
- Пченка
Вкусот варира во зависност од семето и обично имаат посилен и поизразен вкус од самиот зеленчук.
Кои хранливи материи ги содржат?
Досегашните истражувања покажале дека хранливите состојки во микробилките се поконцентрирани. На пример, микробилка од спанаќ ќе има повеќе хранливи материи од созреан спанаќ.
Во некои истражувања се покажало дека микробилките имаат и до 40 пати повеќе хранливи материи од созреаните зеленчуци.
Хранливите материи што ги содржат зависи од типот на микробилката – микробилки од чиа ги имаат истите хранливи материи од чиа, оние од брокула ги имаат истите хранливи материи од брокула…
Докажано е дека имаат и многу антиоксиданти, вклучително и полифеноли.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





