Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Зачинете го пилешкото еден час пред да го печете
Зa пилешкото добро да ги впие зачините, секогаш е добро да го зачините барем еден час пред да го ставите во рерна.
Нe ја фрлајте водата од тестенините
Водата во која се варат тестенините има скроб.
Додајте неколку лажици од водата во сосот за тестенините за подобро да се спојат состојките, но и да згусне.
Кога правите омлет, додајте сол додека ги матите јајцата
Додајте прстофат сол додека ги матите јајцата ако сакате омлетот да има воздушеста текстура.
Притоа, најдобро е да го пржите во загреано масло, но на умерена температура.
А, кратко пред да биде готов, исклучете ја ринглата, покријте ја тавата со капак и оставете да отстои, односно да се допржи од топлината на тавата.
Направете го тестото за палачинки еден ден однапред
Ако планирате да правите палачинки некој нареден ден, направете го тестото однапред.
На овој начин ќе се ослободите од меурчињата во тестото.
Секако, чувајте го во фрижидер откако ќе го направите.
Оставете го оризот во тенџерето барем 10 минути откако ќе се свари
За совршен ориз, не е препорачливо да го мешате додека се вари.
Покрај тоа, врз капакот на тенџерето можете да ставите крпа која ќе ја впива водата што кондензира.
На овој начин, капките нема да се вратат во тенџерето.
На крај, откако ќе се свари, оставете го оризот барем 10 минути во тенџерето за да ја впие преостанатата вода.
Спирова С. | Црнобело