Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, оставете го барем 10 минути во тенџерето откако ќе се свари.
Кога станува збор за кулинарски трикови, не можеме да слушнеме подобри од оние на професионалните готвачи.
Во продолжение, неколку трикови што готвачи ги споделуваат за Insider:
Мајонез за совршен тост или сендвич печен во тава
Ако правите тост или сендвич печен во тава, наместо путер, масло или маргарин, на горната страна ставете малку мајонез.
Кога печете сендвич, печете го на средна температура за да не изгори, а кашкавалот да се стопи и да стане растеглив.
Загрејте ја тавата пред да печете зеленчук
За совршен печен зеленчук, кој нема да ослободи многу вода, најпрво загрејте ја тавата.
Доволно е да ја оставите 10-тина минути во загреана рерна, пред да го ставите зеленчукот.
За совршено тесто за пита, додајте малку алкохол
Ако правите пита со тесто со путер, во смесата додајте една лажица алкохол.
Важно е да станува збор за проѕирен алкохол, како џин или вотка.
За кремасто пире, варете ги компирите во млеко
За пирето да биде покремасто, наместо во вода, сварете ги компирите во млеко во кое ќе додадете и сол.
Кога ќе се сварат, исцедете ги и додајте омекнат путер за уште покремаста текстура.