Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?)
Густи манџи и крем супи
Во ред е во микробранова печка да ставате бистри супи, но ако ставите густи манџи и крем супи треба да бидете подготвени да го чистите уредот, затоа што многу е веројатно тие да набабрат и да се распрскаат насекаде.
Некои домаќинки практикуваат да ги мешаат манџите на 1 минута или на пократки интервали за да се загреат рамномерно и да не направат хаос.
Ориз
Ако оризот бил зготвен и ако стоел повеќе часови на собна температура или во ладилник подолго од еден ден, најдобро е да го фрлите. Често се случува во зрната на оризот да ја има бактеријата Bacillus cereus, која може да се развие дури и во зготвен ориз.
Подгревањето во микробранова нема да ја убие бактеријата.
Бебе формула и бебешка храна
Бебешката формула и бебешката храна може да се загреат нерамномерно во микробрановата печка. Храната или млекото може да станат многу топли и да си го изгорите детето.
Храна која веќе еднаш била подгреана
Колку подолго стои одредената храна, толку поголеми се шансите во неа да се развијат бактерии, затоа најдобро е храната да се подгрева само еднаш.
Дури и да не се расипе, храната која повеќепати била подгреана често почнува да го губи вкусот.
Б. С. Б. | Црнобело