Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач

Дајте му време на месото

Кога приготвувате месо, имајте предвид дека тој процес ќе трае.

Испланирајте дека месото треба да се маринира, да се пече на тивка температура и на крај откако ќе се извади, да се остави да одмори барем половина од времето колку што се печело.

Ако месото се печело 2 часа, тогаш планирајте дека е потребно барем 1 час да остои (може да биде прекриено и со алуминиумска фолија).

kulinarski-trikovi-so-pomosh-na-koi-site-kje-mislat-deka-ste-profesionalen-gotvach-04.jpg

Како да подготвите воздушест омлет?

За да подготвите воздушест омлет како од ресторан (а не кајгана) потребно е да почекате маслото добро да се загрее, да ги пржите околу 1 минута на најсилно, па да ја намалите температурата, па потоа откако ќе ги превртите да ги пржите пак на најсилно.

kulinarski-trikovi-so-pomosh-na-koi-site-kje-mislat-deka-ste-profesionalen-gotvach-05.jpg

Сосови

За да добиете највкусен сос за тестенини, наместо обична, потребно е да му ја додадете водата во која се вареле тестенините.

kulinarski-trikovi-so-pomosh-na-koi-site-kje-mislat-deka-ste-profesionalen-gotvach-11.jpg.jpg

Какао за печење

Ако печете пандишпан за чоколадна торта, наместо со брашно плехот можете да го обложите со какао. На овој начин ќе избегнете тортата да биде бела во долниот дел.

kulinarski-trikovi-so-pomosh-na-koi-site-kje-mislat-deka-ste-profesionalen-gotvach-10.jpg.jpg

Даската за готвење се мие веднаш

Кога готвите пилешко месо, даската за готвење веднаш треба да ја попарите со врела вода и да ја измиете. На овој начин веднаш ќе ја дезинфицирате работната површина што ви е неопходна за приготвување голем број јадења.

kulinarski-trikovi-so-pomosh-na-koi-site-kje-mislat-deka-ste-profesionalen-gotvach-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg