Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дружење
-->
Салата со печурки
Потребно:
- 1 голема тегла шампињони, ситно исечкани
- 100g потпечен сусам
- 100g кашкавал, ситно исечкан
- 3 кисели краставички, ситно исечкани
- 200g мајонез
- сол и мелен црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
Во длабок сад промешајте ги сите состојки додека не добиете изедначена смеса. Сервирајте ја оваа салата добро изладена.
-->
Колач со ананас за совршен десерт
Потребно:
- 1 голема конзерва ананас, исечкан
- 3 јајца
- 150g шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 ½ лажичка прашок за печиво
- 70g кокос
- 100g ореви, сечкани
- 400g брашно
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и измешајте ги со рачна маталка.
- Кога ќе добиете мазна смеса, додајте го ананасот, ситно исечкан, па повторно мешајте за убаво да ја споите смесата.
- Додадете ги брашното, прашокот за печиво и кокосот па продолжете да мешате.
- На крај додајте ги и исечканите ореви.
- Смесата ставете ја во тава која сте ја обложиле со хартија за печење, па печете на 180 степени 40-45 минути.
- Наросете го со шеќер во прав пред да го послужите.
-->
-->
Кумановска пита
Потребно:
-->
- 200ml масло за јадење
- 200ml јогурт
- 1 пакетче прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 400g брашно
- 2 јајца
- 300g сирење
Начин на подготовка:
- Во длабок сад промешајте ги маслото, јогуртот, пецивото, солта и брашното.
- Префрлете ја целата смеса во тавче обложено со хартија за печење.
- Направете глазура од јајцата и сирењето и полејте ја смесата врз тестото.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.
Прочитајте ги и останатите 3 рецепти:
3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго?
Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)?
Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец
Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео)
Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...