Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дружење
-->
Чизкејк во чашка
Потребно:
За основата:
- 300g мелени бисквити
- 180g растопен путер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 50g мелени ореви
За филот:
-->
- 250g маскарпоне сирење, омекнато
- 300g кисела павлака
- 100g шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 400ml изладена слатка павлака
- 500g готов фил од вишни
Начин на подготовка:
- Во сад промешајте ги сите состојки за да ја направите основата.
- Во друг сад ставете го маскарпонето, киселата павлака, шеќерот во прав и ванилата. Изматете додека не добиете изедначена смеса.
- Додајте ја хоплата и матете со миксер додека не добиете густ фил.
- Во чашки ставете од смесата со мелени бисквити, а потоа малку од филот. Ставете од филот со вишни и повторете ја истата постапка уште еднаш.
- Наросете мелени бисквити за декорација.
Мини Павлови пуслици
Потребно:
- 5 белки
- 100g бел шеќер
- 100g светло кафеав шеќер
- 1 лажица нишесте (густин)
- 1 лажичка алкохолен оцет
За фил:
-->
-->
- 300ml слатка павлака
- Неколку свежи јагоди, исечкани на коцки
- Гранчиња свежо нане, за декорација
Начин на подготовка:
-->
- Во сад ставете ги белките, белиот и светло кафеавиот шеќер. Матете 10-15 минути со миксер додека не добиете цврст снег од белки.
- Потоа, додадете го оцетот и нишестето и промешајте уште еднаш.
- Префрлете од смесата во тавче обложено со хартија за печење, така што ќе формирате 6 мали пуслици.
- Печете ги во загреана рерна на 130 степени околу 60-70 минути.
- Оставете комплетно да се изладат, а потоа изматете ја слатката павлака не многу цврсто и нанесете ја во средишниот дел на секоја пуслица.
- Украсете со парчиња исечкани јагоди и сервирајте со гранче свежо нане.
Медитерански џин пунч
- 1l џин со вкус на портокал
- 1l газиран сок со вкус на лимон и лимета
- 400ml кисела вода
- мраз
- парчиња лимон и портокал
Промешајте ги сите состојки заедно и послужете со многу мраз.
-->
Декоративни варени јајца
Потребно:
- 10 варени јајца
- 1 лажичка сенф
- 1 лажица мајонез
- сол и мелен црн бибер по вкус
- прстофат црвен пипер
- ситно иселчкан власец, за декорација
Начин на подготовка:
- Најпрво, пресечете ги сварените јајца на половина и отстранете ја жолчката.
- Во длабок сад испасирајте ги жолчките заедно со сенфот, мајонезот, солта и мелен црн бибер, па префрлете ја смесата во готварски шприц.
- Филувајте ги белките и декорирајте ги со црвен пипер и ситно исечкан власец.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго?
Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)?
Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец
Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео)
Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз
Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна
Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...