Традиционални јадења од европските земји што мора да ги пробате барем еднаш
Холандија: Poffertjes
Ова е најпознатото слатко јадење во Холандија и наликува на мали американски палачинки.
Овие мини палачинки најчесто се служат со шеќер во прав, путер, сируп или холандски ликер.
Има и солена верзија, која најчесто се служи со гауда кашкавал.
Португалија: Pastel de Nata
Уште едно слатко јадење на листата.
Ова се мали тортички од лиснато тесто со фил од жолчка, а обично се додава и цимет.
Најчесто се јадат за појадок, со шолја кафе.
Шведска: Köttbullar
Шведските ќофтиња може да се каже дека се легендарни, а нивна верзија се продава и во IKEA.
Традиционално, ќофтињата се прават од говедско и свинско месо, лебни трошки, јајца и зачини.
Норвешка: Fårikål
Ова е вид чорба која се смета и за национално јадење на Норвешка.
Се прави со јагнешко месо и зелка, а се служи со варени компири.
Финска: Karjalanpiirakka
Ова е вид пита од ’ржано тесто која потекнува уште од 17-тиот век.
Питата се полни со фил од ориз или, според потрадиционалниот рецепт, филот се прави од ’рж, овес…
Денес можете да најдете разни верзии со фил од моркови, јајца или компири и други додатоци.
Доста популарни стануваат и слатките верзии на рецептот.
Спирова С. | Црнобело