Традиционални јадења од европските земји што мора да ги пробате барем еднаш

Не може да одите во Италија, а да не пробате оригинална италијанска маргарита. Во Шведска, пак, задолжителни се легендарните ќофтиња кои се прославија низ целиот свет благодарение на IKEA.

tradicionalni-jadenja-od-evropskite-zemji-shto-mora-da-gi-probate-barem-ednash-01.jpg

Важен дел од секое патување дефинитивно е и локалната кујна.

За целосно да искусите некоја земја, задолжително треба да пробате барем мал дел од специјалитетите што ги нуди.

Бидејќи европските држави се чест избор за нашите туристи, веројатно ве интересира кои се јадењата што треба да ги пробате на вашето следно патување.

Најдобрите јадења низ европските земји кои мора да ги пробате барем еднаш:

Франција: Boeuf Bourguignon

Ова јадење е всушност говедско месо кое се готви бавно во вино, заедно со зеленчук и сланина.

Најчесто се служи со парчиња крцкав багет, а се комбинира со црвено вино.

tradicionalni-jadenja-od-evropskite-zemji-shto-mora-da-gi-probate-barem-ednash-02.jpg

Англија: Помфрит и риба

Дефинитвно најпопуларната улична храна во Англија која не смеете да ја одминете.

Постојат разни верзии на ова јадење, во зависност од видот на риба што се користи.

Најчестите додатоци се само оцет или лимон и сол.

Јадењето најчесто се купува од улични продавачи кои го служат во оброкот завиткан во хартија (неретко и весник).

tradicionalni-jadenja-od-evropskite-zemji-shto-mora-da-gi-probate-barem-ednash-03.jpg

Италија: Маргарита

Ова е веќе очигледно. Но, навистина е важно да пробате оригинална италијанска маргарита, која се смета за првата пица која била направена.

tradicionalni-jadenja-od-evropskite-zemji-shto-mora-da-gi-probate-barem-ednash-04.jpg

Шпанија: Паеља

Паељата потекнува од Валенсија и веќе е препознатливо шпанско јадење.

Станува збор за комбинација на ориз, вино и зеленчуци, во кои традиционално се додава пилешко или зајачко месо.

Доста популарна е и паељата со морски плодови, а на многу места можете да најдете и комбинација од двете.

tradicionalni-jadenja-od-evropskite-zemji-shto-mora-da-gi-probate-barem-ednash-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg