3 зачини што го забрзуваат метаболизмот (можете да ги додадете во утринското кафе)
Постојат зачини кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми бидејќи го забрзуваат метаболизмот, а следниве три можете да ги додадете и во утринското кафе.
Доколку сакате брзо и ефикасно слабеење, во утринското кафе додадете некој од следните зачини кои значително го забрзуваат метаболизмот.
Покрај циметот, кои други зачини спаѓаат овде?
Цимет
Овој зачин е делотворен дури и кога станува збор слабеење. Не мора да се откажете од кафето со шеќер, доволно е да додадете цимет во него и да уживате во вкусот.
Антивоспалителните својства на овој зачин може да ви помогнат да изгубите тежина побрзо, а покрај тоа циметот ја подобрува и циркулацијата.
Овој зачин се препорачува и на дијабетичарите бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта. Секако, доколку имате дијабетес, секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да внесете нешто ново во исхраната.
Докажано е и дека циметот помага во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања, што се водечка причина за смрт низ целиот свет.
Циметот има антигабични и антибактериски својства, што може да ги намали инфекциите, како и расипувањето на забите и лошиот здив.
Куркума
Овој зачин со златно-портокалова боја, стотици години се користи во традиционалната медицина во Кина и Индија.
Куркумата исто така е еден од зачините кој нутриционистите препорачуваат да го додавате во кафето секое утро.
Благодарение на состојката наречена куркумин овој зачин ќе го забрза вашиот метаболизам.
Куркумата е преполна со антиоксиданти кои можат да ви помогнат да ги постигнете вашите цели за слабеење.
Како и циметот, така и куркумата може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта.
Каенски пипер
Каенскиот пипер е и одличен зачин за забрзување на метаболизмот и помагање при слабеење. Овој зачин има свој уникатен вкус.
Додајте прстофат од зачинот во вашето утринско кафе и тоа не само што ќе ве разбуди, туку ќе ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми.
В. К. | Црнобело