9 митови за храната во кои не треба да веруваме
Замрзнатиот зеленчук не е добар за исхраната
Голем број луѓе ги одминуваат фрижидерите со смрзнат зеленучк во супермаркетите верувајќи дека оваа храна не е добра и треба да се избегнува.
Но, иако можеби вкусот не е ист како кога ќе го купите зеленчукот свеж, неговите хранливи вредности не се менуваат со процесот на смрзнување.
Мувлосаните производи треба веднаш да се фрлат
Ова правило многумина го практикуваат, па кога ќе видат и најмали знаци на мувла веднаш го фрлаат целиот продукт.
Но, и тука постојат варијации. Ако забележите мувла на кашкавал, тогаш потребно е да отсечете еден сантиметар подалеку од делот зафатен со мувла и остатокот да го завиткате во фолија.
Но, јогуртот, лебот, краставиците или праските треба да се фрлат во целост.
Лимонот е најбогат извор на витамин Ц
Сите знаат дека лимонот е многу богат со витамин Ц и е одличен за зајакнување на имунитетот. Но, треба да се знае дека 100g лимон содржи околу 53mg витамин Ц или околу 64 отсто од препорачаната дневна доза.
Пиперките, на пример имаат околу 77mg, а црната рибизла 181mg, што е речиси двојно повеќе од препорачаната дневна доза.
Јајцата од препелица се поздрави од јајцата од кокошка
За разлика од јајцата од кокошка, јајцата од препелица содржат многу повеќе витамин Б12 и железо, но првите, пак, се богати со хранливите масти омега-3 и омега-6.
Повторно, изборот е субјективен и секој треба да знае што е она што повеќе му треба во организмот.
Авокадото не смее да се замрзнува
Многумина веруваат дека авокадото не може да се замрзне, но вистината е дека ова овошје може да се чува во замрзнувач и по неколку месеци.
Факт е дека текстурата на овошјето ќе се промени, но вкусот ќе остане ист.
Б. С. Б. | Црнобело