Грешки во готвењето што се пренесуваат од генерација на генерација во кујната
Кога почнувате да готвите, секогаш се водите од работите што ви ги кажале вашите баби и мајки, па им ги пренесувате истите мали тајни на своите деца. Но, колку од нив се точни?
Сакате да готвите и тоа го правите како што ве учеле постарите. Нивните „трикови“ ви изгледаат совршено точни и лесни. Но, некои работи не се онакви какви што ги знаеме.
Знаете ли кои се најчестите грешки во кујната што ги правиме, а се пренесуваат од генерација на генерација?
Страните на алуминиумската фолија ги делиме на „точна“ и „погрешна“
Алуминиумската фолија има сјајна и мат страна, а многумина веруваат дека кога се користи за готвење (да испечете риба или компири во фолија, на пример), треба да ја ставате храната исклучиво на сјајната страна.
Но, производителите велат дека алуминиумската фолија има две различни страни од чисто практични причини – полесно да се пакува. Заклучокот е дека храната можете да ја готвите од која и да сакате страна.
Ножот го држите само на рачката
Повеќето луѓе кога сечат храна ја држат само рачката на ножот. Но, ова е најлесниот начин да го скршите ножот.
Или, некои со показалецот го притискаат врвот на сечилото, но сечејќи на тој начин, брзо ќе го заморите прстот.
Наместо тоа, со два прста фатете го сечилото (најблиску до рачката) и сечењето ќе ви оди лесно.
Го сечете доматот со дршката нагоре
Кога сечете домати, дршката ви е покрај раката. Но, тоа е погрешно, бидејќи на овој начин повеќе го притискате доматот и најлесно ќе истече сокот.
Затоа, извадете ја дршката и ливчињата, ставете го горниот дел од доматот на штицата и почнете да сечете.
Не ја засекувате рибата пред пржење или печење
Кога пржите или печете риба со многу коски, препорачливо е да ја засечете однадвор (со растојание од 2-3mm) бидејќи на овој начин малите коски ќе се стопат и нема да ви пречат кога ја јадете.
Притоа рибата ќе биде мека и сочна.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:



