Како кај баба: Рецепт за старинската Васина торта (видео)

На нашите простори е позната како Васина торта, а овој десерт бил еден од омилените на нашите мајки и баби. Иако на прв поглед постапката можеби ви изгледа комплицирано, воопшто не е така. Само следете ги добро упатствата.

kako-kaj-baba-recept-za-starinskata-vasina-torta-video-01_copy.jpg

Познатата Васина торта има богат вкус од чоколада и ореви, а сокот од портокал ѝ дава и помалку освежителен вкус. Иако постапката можеби ви изгледа комплицирано, доколку детално ги следите упатствата нема да згрешите во подготовката.

На YouTube каналот Home Made Recipes е објавен старинскиот рецепт за подготовка на оваа мошне позната торта на нашите простори.

Погледнете во продолжение како се подготвува познатата Васина торта:

Потребни состојки:

Пандишпан:

  • 5 јајца;
  • 5 лажици шеќер;
  • 5 лажици мелени ореви;
  • 1 лажица брашно;
  • 40g ситно изрендана чоколада;
  • Прелив за кора: сок од еден портокал.

Фил:

  • 200g мелени ореви;
  • 100ml млеко;
  • 6 жолчки од јајца;
  • 125g шеќер;
  • 60g црно чоколада;
  • 150g маргарин (или путер);
  • Ситно рендана кора од еден портокал

Шлаг:

  • 6 белки;
  • прстофат сол;
  • 200g шеќер;
  • 100ml вода;
  • 1 чоколада за готвење;
  • 2 лажици млеко;
  • малку путер.

Начин на подготовка:

  • Рерната се пушта да се загрее на 180 степени Целзиусови;
  • Јајцата се делат на белки и на жолчки, па белките се ставаат во подлабок сад, се додава шеќер и со миксер се мати цврста шлаг пена;
  • Во готовата пена се додава една по една жолчка и се мати со миксер;
  • На крајот се додаваат оревите, брашното и ренданата чоколада и сите состојки се соединуваат со гумена шпатула или лажица;
  • Пандишпанот се пече во плех обложен со хартија за печење помеѓу 20 и 25 минути на температура од 180 степени;
  • Готовиот пандишпан се остава да се олади, а во меѓувреме се прави филот;
  • Во едно помало тенџере се ставаат жолчките од јајце и се матат со миксер, па тенџерето се става во друго поголемо тенџере во кое има околу 2 cm вода и се загреваат на средна температура;
  • Од моментот кога водата ќе зоврие, јајцата се оставаат на рингла уште 5 минути, со цел да се пастеризираат, а не да се сварат;
  • Јајцата се тргаат од оган и се мешаат за да се оладат;
  • Млекото се става да зоврие, а чоколадата се топи на пареа;
  • Во подлабок сад се ставаат оревите и се попаруваат со врелото млеко, се додава стопената чоколада и се остава смесата да се олади;
  • Во оладените јајца се додава омекнат маргарин и се мати со миксер, па се додава смесата од чоколада и ореви и повторно сѐ се мати;
  • Оладениот пандишпан се вади од плех и се става на чинија, па потоа се прелева со сок од портокал и се премачкува со готовиот фил, па се остава во ладилник да се олади, додека го подготвувате шлагот;
  • Во помало тенџере се мешаат водата и шеќерот и се ставаат да се варат на среден оган околу 5 минути, пришто мора да се внимава шеќерот да не се карамелизира;
  • Додека се вари водата со шеќерот (сирупот), се зема друго поголемо тенџере и во него се става околу 2 cm вода;
  • Во длабок сад (метален или огноотпорен) се ставаат 5 белки и им се додава прстофат сол и се матат со миксер околу 4-5 минути;
  • Кога ќе се изматат белките на рингла се става големото тенџере со вода, а во неа се става садот со белките и полека му се додава стопениот сируп од шеќер и вода и се мати со миксер;
  • Шлагот се трга од оган, тортата се вади од ладилник и се премачкува со шлаг, па се враќа во ладилник на неколку часа;
  • По желба можете да стопите чоколада со малку млеко и на крајот да нанесете слој врз шлагот, откако тортата убаво ќе се олади.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg