Грчки рецепт за пилешко со домати, маслинки и фета сирење
-->
Рецептот за пилешко со домати, маслинки и фета сирење е лесен и вкусен оброк кој ги има сите грчки вкусови што ги сакаме и веднаш ќе посакате да го јадете покрај плажа. Совршен е за ручек, вечера или кога треба да подготвите нешто брзо.
Грчкиот рецепт за пилешко со домати, маслинки и фета сирење се подготвува едноставно, а е многу вкусен.
-->
Тајната е во тоа месото да биде маринирано една вечер однапред, со тоа што ќе го засечкате малку по површината за да ги впие сите сосови.
Ако сте љубител на грчките вкусови, ви препорачуваме да го пробате.
Потребни состојки:
- 4 пилешки гради без коски, без кожа, исечени и избоцкани одозгора
- 1/2 шолја маслиново масло (и уште малку за пржење на месото)
- 1/2 шолја свежо исцеден сок од лимон
- 1 лажичка оригано
- 2 лажички ситно исецкан свеж лук
- 1 шолја сечкани шери домати
- 1/3 шолја исечени каламата маслинки
- 1/2 шолја фета сирење, иситнето со рака
- сол и свежо мелен црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Исечете ги сите видливи маснотии или непотребни делови од пилешките гради.
- Секое парче месо засечете го малку одозгора, вкрстено, за да може лесно да ги впие течностите.
- Измешајте ги заедно маслиновото масло, сокот од лимон, ориганото и сечканиот лук.
- Тргнете настрана 1/4 шолја од оваа смеса, за да ја искористите за прелив подоцна.
- Ставете ги парчињата пилешко во стаклен сад за печење и прелијте ги со поголемиот дел сок за маринадата.
- Оставете го пилешкото да отстои во сосот во фрижидер барем една ноќ.
- Пред да го пржите пилешкото, извадете го од фрижидер и оставете го да се стопли на собна температура.
- Во меѓувреме исечкајте ги маслинките и доматите на четвртинки или половинки (зависно од големината).
- Спојте ги во посебен сад исечените домати, маслинките, фетата искршена со раце и остатокот од маринадата.
- Во тава за пржење ставете околу 1 лажиче маслиново масло (ако има потреба додадете уште) и загрејте го на средно силен оган.
- Извадете го пилешкото од маринадата и наредете го во тавчето да се пропржи.
- Пржете го месото 3-4 минути на едната страна или додека убаво не порумени, па свртете го на другата страна и пржете уште 3-4 минути.
- Зачинете го по вкус со сол и свежо мелен црн пипер.
- Наредете го пилешкото на чинија за сервирање или на поединечни чинии, па со лажица ставете од преливот од домати, маслинки и фета.
- Послужете го топло.
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
-->