Кога немате леб: Брзи фурнaринки од готово тесто за пицa

Наместо леб со ручекот или појадокот, па и за мезе со пријатели можете да сервирате фурнаринки, а овој рецепт ќе ви биде меѓу омилените, затоа што се подготвуваат од готово тесто за пица и нема потреба од месење.

koga-nemate-leb-brzi-furnarinki-od-gotovo-testo-za-pica-01.jpg

На социјалните мрежи овој рецепт за брзи фурнаринки од готово тесто за пица масовно се споделува меѓу инфлуенсерките.

Потребни ви се само 20-тина минути, а на трпезата ќе имате вкусна замена за леб, што потсетува на фурнаринките што се служат во ресторан.

Доколку сакате можете да не ставате кашкавал, туку само путер и зачини и да добиете обични фурнаринки.

Како да подготвите брзи фурнаринки со топен кашкавал, што ќе бидат одлична замена за леб на семејната трпеза?

Потребни состојки:

  • 1 готово тесто за пица;
  • 50g путер (или маргарин);
  • ½ лажичка сол;
  • Суви зачини (магдонос, оригано);
  • 200g рендан кашкавал/пармезан по желба.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Тестото за пица се растегнува и се става на плех обложен со хартија за печење;
  • Во подлабок сад се топи путерот и се додава сол и суви зачини и се меша;
  • Тестото за пица се премачкува со зачинетиот путер и врз него се става изренданиот пармезан/кашкавал;
  • Фурнаринките се печат 15 минути на температура од 180 степени Целзиусови;
  • Кога се готови се засекуваат со нож.

Видео упатство:

@mealsandmunchies

Cheesy garlic breadsticks! @flavorgod #easyrecipe #breadsticks #pizzadough #recipe #cooking #sides #appetizer #food #fyp #foryou #breadstick #garlic #ranch #cheese

♬ Flowers - Miley Cyrus

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg