Потпечена брокула со растопен кашкавал – рецепт за здраво и вкусно предјадење
-->
Дури и да не сте љубител на брокула, овој рецепт сигурно ќе сакате да го пробате – се прави брзо и лесно, вкусен е и сочен и ќе посакате да го имате со секој ручек.
Брокулата е полна со хранливи влакна, витамини и минерали, нема многу калории, а може да ја додадете во исхраната на многу начини.
-->
Сигурни сме дека овој рецепт за запечена брокула со кашкавал ќе ви стане омилен уште веднаш кога ќе го пробате.
Ќе имате вкусно и сочно, а истовремено и здраво предјадење.
Потребни состојки:
- 200g рендан кашкавал
- 2-3 помали главици брокула
- 1 лажица лук во прав
- Сол и бибер по вкус
- Маслиново масло
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 190°С.
- Измијте ја брокулата и исечкајте ја на помали цветови.
- Ставете ја брокулата во сад, прелијте многу малку масло, ставете ги зачините и измешајте.
- Наредете ја брокулата на тава за печење и преку неа ставете рендан кашкавал.
- Печете 25 минути, додека брокулата не се запече, а кашкавалот не се растопи и подзапече.
- Послужете топло како предјадење.
-->
-->
M. M. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер
Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...