Викенд десерт: Сутлијаш со пудинг од ванила

Дали сакате сутлијаш? Ова е модерна верзија на традиционалниот рецепт, на која никој нема да одолее.

vikend-desert-sutlijash-so-puding-od-vanila-01.jpg

Сите сакаат пудинг и сутлијаш, а овој рецепт ви овозможува да направите совршен спој од двата вкуса.

Ваков пудинг може да подготват дури и оние што се почетници во кујната, доволно е само да се следат детално приложените упатства.

Потребни состојки:

  • 150g ориз;
  • 400ml вода;
  • 1l млеко;
  • 1 ќесичка пудинг;
  • 150g шеќер;
  • 1 ќесичка ванила шеќер;
  • Какао или цимет за декорација.

Начин на подготовка:

Оризот претходно се мие и се става да се вари во тенџере во вода, на тивок оган;

Додека оризот се вари во чинија се меша ќесичка пудинг со малку млеко (како што е наведено во упатството на амбалажата);

Кога оризот ќе ја впие целата вода се додава остатокот од млекото во тенџерето, шеќерот и ванилин шеќер и по ова е потребно смесата постојано да се меша додека се вари  за да не загори;

Кога ќе зоврие млекото се додава и размешаниот пудинг со млеко и се вари уште 5 минути;

Готовиот пудинг се сервира во навлажнети садови и се декорира со како или цимет по вкус.

 vikend-desert-sutlijash-so-puding-od-vanila-02.jpg.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg