Вкусно и веганско: Рецепт за намаз кој сигурно ќе ви стане омилен
-->
Без разлика дали сте вегани или не, овој намаз е толку вкусен што ќе им биде омилен на сите во семејството. Исто така, може да ви послужи и за престојни пости како брз појадок или ужинка.
Ако не сте запознаени со користењето тофу, можете да го најдете прилично лесно во повеќето продавници за намирници и да пробате за да видите дали ќе ви се допадне.
-->
За овој рецепт се користи чадено тофу.
Потребни состојки:
- 2 лажици растително масло;
- 1 кромид, исецкан на коцки;
- 3 чешниња лук (по избор и вкус);
- 250g печурки, сецкани;
- 185g чадено тофу;
- ⅔ шолја печени ореви;
- ½ лажица соја сос;
- 1 лажичка сенф;
- ½ лажичка мешавина од зачини/билки по избор;
- 1 лажичка балсамико;
- сол и црн пипер.
Начин на подготовка
- Маслото се става во тава, се додава кромид и се пржи 5 минути;
- Се додаваат чешнињата лук и печурките и се пржат уште 10-тина минути, со повремено мешање;
- Смесата се префрла во блендер и се додава остатокот од лукот, чаденото тофу, оревите, соја сосот, сенфот, билките, оцетот, солта и црниот пипер и се блендира додека не се добие саканата текстура;
- Намазот се префрла во друг сад и се става во фрижидер, да отстои најмалку 15 минути пред да го послужите.
M. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Вкусен колач со боровинки и лимон
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
-->
-->