Ручек за гурмани: Сочни ќофтиња потопени во сос од домати и моцарела

Предлагаме вкусен и сочен ручек за љубителите на месо во сос со растопена моцарела или кашкавал. Звучи примамливо нели? Нема да ви биде доста една порција... 

ruchek-za-gurmani-sochni-kjoftinja-potopeni-vo-sos-od-domati-i-mocarela-01.jpg

Ако и вас ви се пријаде веднаш штом ја видовте фотографијата, не се двоумете да си го направите овој сочен викенд ручек. 

Се подготвува многу лесно и брзо, а никој нема да одолее на вкусот и сите ќе бараат уште. 

Доколку е потребно, зголемете ја дозата. 

Потребни состојки:

  • 600g мелено свинско месо
  • 500g доматен сос
  • 180g исцедена моцарела
  • 30g лебни трошки
  • 30g рендан пармезан
  • 2 лажици свеж босилек, исечкан ситно
  • 1 лажица свежо или суво оригано, исечкано
  • 1 јајце
  • Масло за пржење

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
  • Во голем сад измешајте ги месото, лебните трошки, јајцето кое претходно ќе го изматите, пармезанот и зачините.
  • Од смесата направете и обликувајте 12 топчиња.
  • На тава загрејте малку масло, па испржете ги ќофтињата додека не добијат златно-кафеава боја од сите страни, околу 5 минути.
  • Додадете го доматниот сос и кратко гответе додека не се загрее, а потоа ставете ја и моцарелата на парчиња.
  • Ставете ја тавата во загреана рерна и печете 15-20 минути, додека моцарелата не се запече.
  • Доколку немате тава соодветна и за пржење и за печење, пред да ставите на печење, префрлете ги во соодветен плех.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg