Рецепт за најлесниот домашен ролат од кој тече чоколадо

Наместо да купувате готови, секогаш е повкусно кога ќе си направите домашен, топол ролат од кој тече вкусен чоколаден крем. Со кого посакувате да го пробате овој десерт?

recept-za-najlesniot-domashen-rolat-od-koj-teche-chokolado-01.jpg

Иако ваквите десерти се лесно достапни и во продавница, сепак понекогаш е подобро сами да зготвиме нешто домашно. 

Овојпат пробајте се во кујна со вкусен, домашен ролат од бело тесто со растопен чоколаден крем. 

Звучи примамливо, замислете колку е вкусно кога ќе го пробате топло... 

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 160g шеќер
  • 160g брашно
  • 120g чоколаден чипс
  • 500g чоколаден крем (по желба со лешници)

Начин на подготовка:

  • Во сад истурете 5 белки и изматете ги додека не добиете шлаг.
  • Во друг сад ставете ги 5-те жолчки и шеќерот и изматете додека не добиете хомогена смеса.
  • Во садот со смесата од жолчки додадете го и брашното и измешајте.
  • Постепено додавајте од шлагот и мешајте ја смесата до соединување.
  • На крај додадете го чоколадниот чипс и измешајте.
  • Истурете ја смесата во плех врз хартија за печење и печете 10 минути на 180С.
  • На испеченото тесто истурете го чоколадниот крем, размачкајте насекаде и завиткајте како ролат. Оставете да отстои 60 минути.
  • Исечете парчиња и сервирајте со додатоци по желба.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by Cookist (@cookist)

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg