Кифлички со шунка и кашкавал, готови за 15 минути и без месење – по рецепт на Давор

Нема потреба од месење, се прават со готово лиснато тесто и се полнат со превкусен фил – ќе посакате да ги направите веднаш, а ќе ги снема од трпезата за минута.

kiflichki-so-shunka-i-kashkaval-gotovi-za-15-minuti-i-bez-mesenje-po-recept-na-davor-01.jpg

Давор, или попознат како Dave’s Kitchen, постојано изненадува со вкусни рецепти кои се подготвуваат многу лесно.

Овојпат за срце ни застанаа вкусните кифлички, полнети со шунка, кашкавал и крем сирење, а се подготвуваат за 15-тина минути, плус времето за печење.

Доколку имате барем еднаш готвено во кујна, нема да ви требаат специјални вештини за да си ги направите овие брзи и лесни кифлички, кои ќе ви станат омилени.

Потребни состојки:

  • 250g лиснато тесто
  • 3-4 лажици крем сирење
  • 100g шунка, тенко исечкана
  • 100g кашкавал, тенко исечкан
  • 1 јајце, лесно изматено

Начин на подготовка:

  • Расукајте го лиснатото тесто на работната површина во правоаголна форма.
  • Пресечете го на половина хоризонтално, а потоа пресечете уште двапати вертикално за да добиете вкупно 6 еднакви квадрати.
  • Секој квадрат пресечете го дијагонално за да добиете 12 триаголници.
  • Секој триаголник премачкајте го со крем сирење, ставете тенко исечкан кашкавал и тенко исечкана шунка.
  • Превиткајте ги лиснатите кроасани како кифличка и наредете ги во обложено тавче со хартија.
  • Премачкајте со лесно изматено јајце за да мини кроасаните добијат убава златно-кафена боја по печењето.
  • Печете во загреана рерна на 190 степени околу 15-20 минути.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg