Прсти да излижете: Крцкави ролнички полнети со пилешко месо и сос од домати

Филот можете да го подготвите еден ден претходно, па кога ќе си дојдете од работа да направите брза вечера што ќе им се допадне на сите.

brza-vechera-krckavi-rolnichki-polneti-so-pileshko-meso-01.jpg

Овие ролнички можете да ги полните и со рендано телешко или свинско месо, изборот е ваш, а филот можете да го подготвите и претходно.

Дополнително, можете да ги полните само со рендано пилешко месо и рендан кашкавал или пак на основниот фил да му додадете и сечкани лути пиперчиња за попикантен вкус.

Како да подготвите крцкави ролнички од тортиља?

Потребни состојки:

  • 1kg пилешки стек;
  • ½ кромид;
  • 1 домат исечкан на коцкички;
  • 2 чешниња лук;
  • 2 мали лажички сол;
  • 1 мала лажичка црн бибер;
  • 1 лажичка мелен ким;
  • 16 тортиљи;
  • Марула исечкана на тенки ленти;
  • Павлака;
  • Парчиња авокадо (по желба).

Начин на подготовка:

  • Пилешкото месо се вари во вода со 1 лажичка сол. Кога ќе се свари, се трга од оган да се олади, па потоа се ренда со ренде;
  • Во тава со масло се пропржува ренданото пилешко месо, заедно со ситно исечканиот кромид, ситно исечканиот домат, исечканиот лук и се зачинуваат со сол, бибер и ким;
  • Состојките се пржат додека кромидот да омекне, а пилешкото да добие златно кафена боја по што се трга од оган;
  • Се зема тортиља и на средината се полни со фил, а потоа се мота во ролна. По потреба секоја ролна може да се прикачи со чепкалка за заби за да не се растури при пржењето;
  • Рерната се загрева на 100 степени Целзиусови, а готовите ролнички се ставаат на плех обложен со хартија за печење;
  • Ролничките се печат на температура од 180 степени околу 15 до 20 минути додека да станат крцакви;
  • Сервирајте со сечкана марула, авокадо и павлака или со додатоци по ваш вкус.

prsti-da-izlizhete-krckavi-rolnichki-polneti-so-pileshko-meso-i-sos-od-domati-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за гибаница со сирење од Air Fryer Ако ви се најават гости, набрзина можете да испечете гибаница во Air Fryer и да ...
Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg