Хит рецепт: Воздушести перничиња од компир со крцкава кора (видео)

Крцкави од надвор, кремасти од внатре – брзите и лесни перничиња од компири ги освоија домаќинките на социјалните мрежи. Се подготвуваат брзо и лесно, а одлични се за викенд мезе.

hit-recept-na-socijalnite-mrezhi-vozdushesti-pernichinja-od-kompir-video-01.jpg

Убавата текстура доаѓа заради оризовото брашно, а за покрцкава надворешност се додава нишесте.

Како да ги подготвите популарните воздушести перничиња од компир?

Потребни состојки:

  • 300g компири;
  • 2 големи лажици оризово брашно;
  • 1 голема лажица нишесте;
  • ½ лажица сол;
  • ¼ лажица црн бибер;
  • ¼ лажица црвен пипер;
  • Масло за јадење (за пржење).

Начин на подготовка:

  • Компирите се варат во тенџере, по што се оставаат во студена вода да се оладат;
  • Изладените компири се лупат и се пасираат во подлабок сад;
  • Се додаваат оризовото брашно, нишестето и зачините и со раце се замесува тесто од смесата;
  • Тестото се формира во долга „змија“ која се дели на 11 парчиња со должина од околу 3cm;
  • Парчињата се притискаат со виљушка од двете страни за да се добијат перничиња;
  • Перничињата се пржат во добро загреано масло околу 3 до 5 минути или додека да добијат златно жолтеникава боја;
  • Се редат на чинија обложена со салфетка;
  • Готовите перничиња се зачинуваат со црвен пипер.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg