ТикТок рецепт предизвика дебата: Мезе даска намачкана само со путер за макање (фото+видео)
„Зошто јадете толку многу путер?“ и „Како ќе ја исчистите даската?“ се само дел од критиките со кои се соочи новиот необичен ТикТок тренд - би послужиле ли даска намачкана со путер и леб за макање?
Кога станува збор за трендови за готвење, ТикТок е социјалната мрежа која најлесно ги прославува.
Но, само затоа што нешто е популарно на ТикТок, не значи и дека е добро.
Ова најдобро го покажува новиот тренд за мезе-даска намачкана со путер што го подели мислењето на корисниците.
Наводно, идејата првпат се појавила во книга за готвење од 2017 година, а сега ја прослави тиктокерката Џастин Доирон.
Во видеото таа размачкува путер на дрвена даска, а потоа врз него става сол, рендана кора од лимон, црвен кромид, мед и свежи зачини. Идејата е путерот да се мака со леб.
@justine_snacks I like this one idk I’m in a silly goofy butter mood
-->♬ original sound - speed songs
Врз путерот можете да ставите и овошје, како јагоди и смокви, но и јаткасти плодови. Можете да се дополни и со разни видови сирење и кашкавал, зеленчук, парчиња димен лосос, па дури и џем.
Некои корисници се воодушевени од идејата и велат дека веднаш ќе пробаат да ја направат даската, а дури и се шегуваат и дека изгледа толку добро, што ќе си направат цела даска само за себе.
https://www.instagram.com/p/Ciw240mjbDQ/
Сепак, повеќето имаат критики – дел сметаат дека ќе биде невозможно да се исчисти даската по ова, а некои истакнуваат дека ова е совршено за „разменување бактерии со гостите“.
„Зарем ова не е многу путер?“
„Обично луѓето не ги чистат даските за сечење како што треба. Замислете колку е тешко да ја исчистите даската по ова“.
„Зошто денес сите се фасцинирани од огромно количество путер?“
„Или, луда идеја, наместо да ја мачкате даската, зошто не ги ставите путерот и состојките директно на лебот?“
Што мислите вие за ова мезе?
Неколку фотки за инспирација доколку одлучите да го пробате:
Спирова С. | Црнобело