Нов хит рецепт за шот од ѓумбир - ќе ве разбуди побрзо од кафе (а го подобрува и метаболизмот)
На социјалните мрежи вистински хит е рецептот за пијалак што ве буди побрзо од кафе, а помага за забрзување на метаболизмот. За 15 минути можете да подготвите шотови од ѓумбир за цела недела.
Постојат повеќе варијации на овој познат рецепт, а на сите им се допаѓа тоа што пијалакот се подготвува во блендер и можете да го приготвите одеднаш за цела недела.
Добро се знае дека ѓумбирот го зајакнува имунитетот, помага за забрзување на метаболизмот и е полн со антиоксиданси. Сосема е јасно зошто голем број од корисниците на социјалните мрежи побрзаа да го подготват овој пијалак и истиот вирално се прошири на социјалните мрежи.
@jordankilkenny Best ginger shot recipe and so good for your gut health!! #gingershot #ginger #healthy #recipe ♬ More Than Friends - Aidan Bissett
Постојат повеќе варијанти за подготовка на шотови од ѓумбир. Некои сакаат да стават во блендер нелупен ѓумбир и кокосова вода и да ги блендираат, а потоа да го процедат добиениот сок, а други пак го следат следниот рецепт (како поевтина варијанта).
Исто така, основниот рецепт е со сок од лимон, но некои сакаат освен сок од лимон, да додадат и портокали.
Потребни состојки:
- 450g свеж ѓумбир;
- 5-6 лимони (со средна големина);
- 60ml студена вода;
- 50g мед (или по вкус).
Начин на подготовка:
- Ѓумбирот се мие и се суши и се сечка на мали парчиња;
- Лимоните се цедат во цедалка;
- Во блендер се ставаат парчињата ѓумбир, се додава сок од лимон, вода и мед (доколку сакате) и се блендираат на најголема брзина додека не се добие изедначена смеса, или околу 2 минути;
- Сокот се прецедува во цедалка и се чува во ладилник, каде може да стојат до една недела;
- Најдобро е секое утро да го протресете шишето во кое го чувате сокот и да се напиете по една мала чаша.
@kellsyu all set for the week #guthealth #gingershot #wellness #healthyliving ♬ original sound - Kelly
Б. С. Б. | Црнобело