Го зголемуваат либидото, заменуваат оброк – 4 рецепти за смути што ќе ви помогнат да го започнете денот полни со енергија

Денот можете да го започнете со здраво смути, во кое ќе искомбинирате повеќе здрави продукти. Погледнете 4 рецепти за смути пијалаци, кои помагаат за зголемување на либидото, го зајакнуваат инмунитетот и заменуваат оброк.

koga-pojadokot-e-smuti-sozdadi-sovrsenstvo-01.jpg

Нека утрото ви започне со витаминска бомба. Подготовката на здраво смути нема да ви одземе многу време, а вашиот дневен внес на здрави производи ќе биде задоволен.

Во прилог неколку рецепти кои се практични и лесни, а заменуваат цел оброк.

Енергетска бомба

Одлично смути за да го започнете денот. Овој рецепт во себе содржи прав од корен на мака, која е многу хранлива состојка за мозокот, дава дополнителна енергија со правилно конзумирање, а воедно и го зголемува либидото кај мажите и жените.

Не се препорачува кај доилки и луѓе кои имаат проблеми со тироидната жлезда.

Состојки:

  • 1 банана;
  • 3 урми;
  • 1 лажичка мака во прав;
  • 150g бадемово млеко без шеќер;
  • 1 лажичка чиа семе;
  • 1 лажичка агаве сируп;
  • 3 коцки мраз.

Подготовка:

Бананата се сечка на кругови и се става во блендер. Се додаваат урмите, агаве сирупот и правот од мака.

Се додава млеко и мраз и сите состојки се блендираат. (Доколку вашиот блендер не е наменет за мраз, истиот може да го додадете откако ќе создадете блендирана содржина.)

Послужете во голема чаша и уживајте во вкусот кој ќе ви даде енергија за целиот ден!

koga-pojadokot-e-smuti-sozdadi-sovrsenstvo-02.jpg

Антиоксидант смути

Ова смути е дава свежина во утринските часови и е одличен извор на антиоксиданти, а се подготвува мошне лесно и брзо.

Состојки:

  • 1 лист од кељ;
  • 1 зелено јаболко;
  • ½ цеден лимон;
  • ½ авокадо;
  • 150мл кокосова вода;
  • 3 коцки мраз.

Подготовка:

Сите состојки се сечкаат на парчиња и се ставаат во блендер.

Се додава кокосовата вода заедно со мразот и сите состојки се мешаат во блендер.

koga-pojadokot-e-smuti-sozdadi-sovrsenstvo-03.jpg

Супер смути

Спирулината е сино-зелена алга, богат извор на витамини, минерали, ензими, протеини и аминокиселини. Најчесто се користи како антиоксидант, како и стимуланс за зајакнување на имунитетот, влијае на срцето како и дигестивниот систем.

Се препорачува за детоксикација на организамот, за спортисти, како и на бремени жени кои имаат недостиг на железо. Ова е одилен рецепт за смути, во кое можете да додадете и спирулина прав.

Состојки:

  • 3 смокви;
  • 2-3 ливчиња марула;
  • нане;
  • 1 банана;
  • 1 лажичка мед;
  • 1 лажичка спирулина прав;
  • 150гр оризово / бадемово млеко;
  • 3 коцки мраз.

Подготовка:

Сите состојки се сечкаат на парчиња и се ставаат во блендер.

Се додаваат спирулина правот и медот, млекото и коцките мраз и сите состојки се мешаат во блендер.

(Доколку вашиот блендер не е наменет за мраз, истиот може да го додадете откако ќе создадете блендирана содржина.)

koga-pojadokot-e-smuti-sozdadi-sovrsenstvo-04.jpg

Тоник смути

Кокосовата вода не содржи никакви масти, туку природен шеќер и минерали, а богата е со магнезиум, калиум и влакна кои го подобруваат варењето на храната. Како да подготвите вкусно смути со кокосова вода?

Состојки:

  • ½ авокадо;
  • 100g краставица;
  • Неколку ливчиња рукола;
  • 1 лажичка исцеден сок од лимета;
  • Половина чаша исцеден цитрон;
  • Неколку ливчиња нане;
  • 80g кокосова вода;
  • 2 коцки мраз.

Подготовка:

Зеленчукот и овошјето се мијат, лиметата и цитронот се цедат за да се олесни постапката.

Сите состојки се сечкаат на парчиња и се ставаат во блендер.

Се додава кокосовата вода со мразот и се мешаат додека не се добие изедначена смеса. 

koga-pojadokot-e-smuti-sozdadi-sovrsenstvo-05.jpg

М.У.Т | Црнобело

фото: pexels.com/ pixabay.com/ freepik.com

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg