„Хармоника чипс“ – новиот хит рецепт на социјалните мрежи за најкрцкави домашни компирчиња

Доколку сте љубител на зачинет чипс овој рецепт е само за вас. Изгледаат многу комплицирано, а всушност се мошне лесни за приготвување.

harmonika-chips-noviot-hit-recept-na-socijalnite-mrezhi-za-najkrckavi-domashni-kompirchinja-01.jpg

Во последниот период ТикТок е мрежата каде масовно се шират голем број рецепти. По рецептите за салатите „Зелена божица“ и „Секси девојка“, нов тренд е приготвувањето  компирчиња во форма на хармоника.

 Најверојатно ќе ви биде потребно да се обидете за да го усовршите засекувањето на компирчињата, но на крај трудот се исплати, затоа што ќе добиете зачинети грицки со крцкав надворешен дел и мека внатрешност.

Можете да ги приготвите како грицки за опуштена вечер со пријателите или кога сакате да уживате во добар филм.

Потребни состојки:

  • 6 големи (издолжени) компири;
  • 75g путер (стопен);
  • 3 лажици маслиново масло;
  • 1 лажичка лук во прав;
  • 40g изрендан пармезан (по желба);
  • 2 лажици ситно исечкан магдонос;
  • Сол (по вкус).

Начин на подготовка:

  • Во тенџере се става вода да се загрее и потоа се префрла во подлабок сад;
  • Компирите се лупат и се сечат на кругови со дебелина од околу 1cm. (Не се користат кружните делови од компирот, само средишните, прави парчиња);
  • Секое парче се става меѓу две стапчиња за ражничи и се засекува хоризонтално до половина од дебелината на парчето;
  • Потоа секое парче се превртува и се засекува дијагонално;
  • Низ парчето компир се протнува стапче за ражнич и компирот се истегнува за да се добие форма на хармоника;
  • Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
  • Готовите парчиња компир се ставаат во садот со топла вода, да отстојат од 10 до 15 минути;
  • Во друг сад од путерот, магдоносот, лукот и солта се прави премаз;
  • Компирите се сушат на салфета, а потоа се редат на плех обложен со хартија за печење;
  • Секое парче со четка се премачкува со намазот од путер, лук и магдонос од двете страни;
  • Компирите се печат не температура од 200 степени Целзиусови околу 25 минути;
  • Доколку сакате можете да им додадете и изрендан пармезан и да ги печете уште 5 минути.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg