Предлог ручек за деновите кога не знаете што да готвите: Вкусен донер во домашни услови (видео)

Како да го подготвите месото за деновите кога сакате да подготвите вкусен домашен донер, за 10-тина минути?

predlog-ruchek-za-denovite-koga-ne-znaete-shto-da-gotvite-vkusen-doner-vo-domashni-uslovi-video-01.jpg

Ова е рецепт за подготовка на месо за донер, што може да ви се најде во оние денови кога немате идеја што да готвите.

Можете да подготвите повеќе месо и подолго време да го чувате во замрзнувач, па по потреба да сечете и да подготвувате колку што ви е потребно.

Овој рецепт е идеален за оние денови кога се враќате уморни од работа, па за само половина час ќе успеете да подготвите брзи сендвичи за целото семејство или пак за викенд уживање.

Потребни состојки:

  • 500g мелено месо;
  • 1 кромид со средна големина;
  • 2 мали чешниња лук;
  • 1 голема лажица јогурт;
  • 2 лажици брашно;
  • 1,5 мала лажичка црвен пипер;
  • 1 лажица мелен црн бибер;
  • 1,5 лажица сол (или по вкус);
  • ½ мала лажичка буковец;
  • Путер за пржење.

Начин на подготовка:

  • Кромидот се сече на помали парчиња и заедно со останатите состојки се става во процесор за храна додека смесата убаво не се соедини;
  • Доколку немате процесор за храна, кромидот и лукот се рендаат и во длабок сад убаво се замесуваат заедно со другите состојки додека не се добие изедначена смеса;
  • По ова смесата се распоредува во најлон фолија и се става околу 5-6 часа во обичен ладилник, а потоа се префрла во замрзнувач да отстои околу 1 ден;
  • Следниот ден, месото се вади од замрзнувач и се остава да отстои околу 10-тина минути на собна температура, по што остар нож се сечат тенки парчиња. (Немојте да го сечете наеднаш целото месо, туку само онолку колку што собира во тавчето во едно пржење);
  • Во тавче се става путер и се загрева на средна температура, а парчињата месо за донер се пржат околу половина минута од двете страни (Внимавајте да не ги препржите за да не бидат суви);
  • Донерот се сервира во лепче со салата по ваш вкус.

Видео упатство:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by ? ? ? Ş (@ikosun_kitchen)

 Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg