Како да подготвите вкусен домашен сладолед од ванила?
-->
Сладоледот од ванила е класика. Идеален е за да го мешате со други вкусови на сладолед, но и со сосови и преливи. Како можете да го подготвите сами?
Доколку сакате да подготвите сами домашен, вкусен сладолед од ванила, тоа можете да го направите за многу брзо време. Потребни ви се неколку основни состојки што треба да ги изматите.
-->
Сладоледот од ванила подеднакво го сакаат сите, а можете да го комбинирате со други вкусови и сосови.
Потребни состојки:
- 3 јајца;
- 500ml млеко;
- 300g шеќер;
- 2 кесички ванилин шеќер;
- Една лажичка екстракт од ванила;
- 200g шлаг;
Начин на подготовка:
- Во длабок сад со миксер се матат јајцата и белиот и ванилиниот шеќер додека не се добие пенеста смеса;
- Млекото се става во тенџере на рингла да проврие;
- Кога ќе зоврие, млекото се трга од оган и во него се даваат изматените јајца;
- Смесата се враќа на рингла на средна температура и се вари додека не зоврие со постојано мешање;
- Готовата смеса се трга од рингла, се додава екстракт од ванила и се остава да се олади;
- По ова се меша шлаг пената според приложените упатства и се додава во претходно подготвената смеса;
- Сладоледот се става во замрзнувач, а добро би било по два часа да го извадите и уште еднаш да го изматите со миксер за да добиете кремаст сладолед;
- Постапката можете да ја повторите уште еднаш по три часа;
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин
Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
-->