Брз летен десерт кога немате ништо благо дома: Торта во чаша со шлаг и јагоди или малини

Овој рецепт ќе ви биде добредојден кога сакате набрзина да подготвите нешто благо, а можете да го подготвите за ненајавени гости. Како да подготвите вкусен и брз летен рецепт со само 3 состојки?

brz-leten-desert-koga-nemate-nishto-blago-doma-torta-vo-chasha-so-shlag-i-jagodi-ili-malini-01.jpg

Јагодите и малините се омилено летно овошје, а доколку ги комбинирате со уште две состојки можете да подготвите вкусен летен десерт за ненајавени гости.

Можете да користите готова шлаг пена или пак да изматите сами од кесичка според упатството, а со готови состојки десертот ќе биде готов за 5 минути.

Потребни состојки:

  • Јагоди или малини;
  • 200gr бисквити;
  • Шлаг пена (готова или изматена од кесичка).

brz-leten-desert-koga-nemate-nishto-blago-doma-torta-vo-chasha-so-shlag-i-jagodi-ili-malini-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Бисквитите се ронат или се мелат;
  • Овошјето (јагодите или малините) добро се мијат и се сечкаат (прти што можете да оставите неколку цели за декорација);
  • Состојките се распоредуваат во длабок сад за сладолед по следниот редослед: бисквити, јагоди, шлаг во четири идентични реда;
  • Последниот слој треба да биде од шлаг или бисквити, а секоја чаша можете да ја декорирате со цела јагода или малина.

brz-leten-desert-koga-nemate-nishto-blago-doma-torta-vo-chasha-so-shlag-i-jagodi-ili-malini-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg