Прсти да излижете: Потпечени млади компирчиња со зачини и растопен кашкавал

Млади компирчиња со растопен чедар и свеж зеленчук. Одлични се за мезе или како додаток на главното јадење. Кој е вашиот омилен рецепт со млади компири?

prsti-da-izlizhete-potpecheni-mladi-kompirchinja-so-zachini-i-rastopen-kashkaval-01.jpg

Пржени, печени, пасирани во пире. Сите сакаат да јадат компири, а овој рецепт можете да го искористите доколку сакате да приготвите несекојдневно мезе, или пак како додаток на главното јадење.

Доколку сакате зачинета храна, можете да користите и чили во прав за да добиете лути компирчиња, или пак да се држите до благите и неутрални зачини.

Потребни состојки:

  • 1kg млади компири;
  • 2 лажици маслиново масло;
  • Зачини по вкус (чили во прав, црвен пипер, лук во прав, ким, црвен пипер)
  • 235g рендан чедар;
  • ¼ домат (ситно исечкан);
  • 1 млад кромид (ситно исечкан);

Начин на подготовка:

  • Компирите се мијат и секој од нив се става на дрвена лажица и се засекува на растојание од околу 5 mm;
  • Засечените компири се прелеваат со маслиново масло и им се додаваат зачини по ваш вкус;
  • Компирите се мешаат додека зачините и маслото рамномерно да се распоредат по нив;
  • Се распоредуваат на плех премачкан со масло и се ставаат да се печат околу 45 минути на температура од 200 степени Целзиусови;
  • По ова компирите се вадат од рерна и им се става рендан чедар, па се враќаат во рерна да се печат уште 45 минути, односно додека не добијат кафеава боја, а чедарот целосно да се стопи.

Погледнете го видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg