Десерт на денот: Меки брауни колачиња со Нутела – ќе ги направат и неискусните
-->
Љубителите на меки колачиња кои се топат во уста ќе се опседнат со овој рецепт за Нутела браунис колачиња. Нема да ги промашите дури и ако не сте махер во кујна.
Во лето сите обожаваме лесни и брзи рецепти за десерти кои нема да ни одземат повеќе од 30 минути во кујна.
-->
Овие Нутела браунис колачиња со сигурност ќе ги обожавате заради богатиот вкус, а можат да ги подготват дури и неискусните во кујна.
Потребни состојки (за плех со димензија 8х8):
- 170g несолен путер, стопен и малку оладен
- 250g шеќер
- 3 големи јајца
- 250g темно чоколадо, стопено и малку оладено
- 150g Нутела крем
- 100g брашно
- 30g какао
- 1 лажица сол
- 150g чоколаден чипс
Начин на подготовка:
- Истурете ги стопениот путер и шеќерот во сад и измиксирајте додека смесата не се соедини.
- Додадете ги јајцата, измиксирајте, а потоа додадете ги стопеното чоколадо и Нутелата, па повторно измазнете ја смесата со миксер.
- Додадете ги состојките во прав и измешајте, а на крај ставете го и чоколадниот чипс и повторно изедначете ја смесата.
- Истурете ја чоколадната смеса во калап врз хартија за печење и печете 30-35 минути на температура од 170С°.
- Оставете да се олади и ставете го колачот најмалку 3 часа во фрижидер пред да послужите.
Видео постапка:
-->
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил
Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со шлаг. Звучи примамливо нели!?...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
-->