Слатки залчиња - Плазма коцки со путер од кикиритки
-->
Овие слатки, мали залчиња се идеален десерт кога сакате нешто екстремно благо, без да заглавите во кујна.
Се прават од лесни, едноставни состојки кои не чинат многу, а имаат врвен вкус.
-->
Потребни состојки:
- 300g мелени бисквити
- 400g шеќер во прав (или засладувач по желба)
- 200g несолен путер (растопен)
- 300g путер од кикиритки
Глазура:
- 150g путер од кикиритки
- 200g млечно или црно чоколадо
- 50g ситно сечкани кикиритки за декорација (по желба)
Подготовка:
- Во длабок сад истурете ги мелените бисквити и помешајте ја со шеќерот во прав. Додадете го растопениот путер и путерот од кикиритки, па со рака размешајте ја смесата.
- Кога смесата добро ќе се соедини ставете ја на тава со мрсна хартија. Убаво со рака натапкајте ја смесата и порамнете.
- Тавата оставете ја 15 минути во замрзнувач.
- Во меѓувреме стопете го чоколадото, додадете го путерот од кикиритки за глазура и мешајте додека не се соединат.
- Прелијте ја смесата со добиената глазура, па проросете ги ситно сечканите кикирики.
- Изладете 1-2 часа, а потоа исечете мали коцки.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
-->
-->