Зошто палачинките понекогаш излегуваат тегави?
Не се работи за рецептот и состојките, па независно дали ставате кисела или обична вода, млеко или прашок за печиво, палачинките знаат да излезат жилави.
Рецептот за добро тесто е прилично едноставен: јајца, брашно, млеко или вода, малку сол и шеќер и спремно е за пржење.
Една од тајните на искусните домаќинки е додавањето на кисела вода или малку прашок за печиво, но и тоа не е задолжително.
Иста е и ситуацијата со маслото – некои го ставаат во тестото, а некои само на тавчето за пржење. Но, и тоа не е проблемот.
Па тогаш, зошто палачинките знаат некогаш да излезат жилави, иако ги правите по истиот рецепт?
Одговорот е едноставен, но ретко кој го знае – затоа што предолго сте го мателе тестото.
Со долгото матење се развива повеќе глутен во тестотот и поради него, палачинките излегуваат тегави.
Затоа, тестото треба нежно да го изматите со виљушка неколку секунди додека состојките се соединат и добиете еднолична смеса, но ни секунда повеќе.
Оставете го кратко да отстои, како не би се формирале грутки.
М. Д. | Црнобело