Брз протеински ручек готов за 5 минути, без да вклучите рингла

Во лето, кога сме гладни, најмалку што сакаме е да вклучиме рингла и да ја вариме или пржиме храната.

brz-proteinski-rucek-gotov-za-5-minuti-bez-da-vklucite-ringla-001.jpg

Притоа, важно е да одберете ручек кој ќе ве засити, без да ви создаде дополнителна тешкотија.

Оваа салата од туна, авокадо и свежи краставици е прилично брза, се комбинира лесно со двопек, парче леб, крекери или листови зелена салата.

Потребни состојки:

  • 1 голема конзерва туна во солена вода
  • 1 краставица со средна големина
  • 1 авокадо
  • ¼ виолетов кромид
  • 1 лажица свежо исцеден лимон
  • Зачини по желба

Подготовка:

  • Краставицата, кромидот и авокадото излупете ги, туната процедете ја и измешајте заедно во длабок сад.
  • Зачинете и додадете лимон. Салатата е готова, треба само добро да ја изладите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg