Совршени солени залчиња – пица тиквички, одлични за летно мезе
-->
Потребата е мајка на иновацијата, а она што ни е потребно, особено за време на летниот период, се вкусни, но брзи и нискокалорични оброци.
Пица тиквички! Звучи неверојатно, а сепак се прават толку лесно и вкусно, што ќе станат задолжителен дел од сечие мени.
-->
Потребни состојки:
- 1 поголема тиквичка (околу 300 g)
- 60 g црвени пиперки
- 60 g шампињони печурки
- 30 g црвен грав од конзерва
- 20 g кечап
- Сол и оригано
- Рукола
- 20 g сечкани маслинки
Начин на подготовка:
- Излупете ја тиквичката и исечкајте ја на подебели кругови. Поставете ги тркалцата во сад за печење обложен со хартија.
- Ситно исечканата црвена пиперка и печурките ставете ги врз парчињата тиквичка. Црвениот грав оди над нив.
- Врз секоја „мини-пица“ од тиквичка додадете мала количина на кечап и зачинете со сол и оригано.
- Печете ги во загреана рерна на 200ﹾС околу половина час.
- По желба додадете сечкани маслинки и рукола или пак малку рендан кашкавал при крајот на печењето, доколку не се храните строго вегански.
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници
Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...