Летен прилог на секое јадење – Компир салата со додаток јагоди
-->
Салатата од компири е веќе испробан прилог на секое месо, но ова е една покреативна варијација, за сите кои сакаат нови вкусови.
Со малку рукола, јагоди и кремаст прелив, компир салатата станува летен хит.
-->
Потребни состојки за 4 порции:
- 800g компири
- Млад кромид по желба
- 250ml павлака за готвење
- 100g рукола
- 250g јагоди
- Семки од тиква и сончоглед
- 1 чешне лук
- Оцет и сол
Подготовка:
- Измијте ги компирите, пресечете ги на половина или на четвртини зависно од големината и варете ги со кората во солена вода. Оладете ги.
- Во меѓувреме исечкајте го младиот кромид на кругови, па помешајте го со павлаката за готвење и иситнетиот лук, за прелив. Зачинете со сол и 1 лажица оцет.
- Семките може да ги потпечете во тавче 2-3 минути, додека не добијат кафеава боја.
- Руколата исчистете ја, а јагодите пресечете ги на четвртини.
- Додадете ги сите состојки во еден сад заедно со компирите, па прелијте со сосот.
- Добро разладете пред послужување.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
-->
-->