Извитканата крцкава сланина стана хит на ТикТок - како се приготвува?
Корисниците на социјалните мрежи објавуваат сè и сешто: од правилни начини на шминкање, идеи за облекување, нови рецепти, еден куп идеи и трикови за приготвување храна.
Така, Инстаграм е познат по тоа што воведе неколку нови трендови: од Далгона кафето, до млекото со јагоди и најново тоник – кафето, а сега инфлуенсерите се селат и на ТикТок.
На оваа социјална мрежа вистински хит е рецептот за извиткана крцкава сланина.
Вообичаено, секогаш првично сите сме скептични кога ќе видиме некој рецепт за првпат и ни треба некој да ни каже дека се обидел да го направи и му успеало.
Сега, една новинарка се обидела да го направи овој рецепт и искуството го пренесува на Insider.
Во продолжение пренесуваме што пишува Абигејл Абесамис Демарес:
„Додека чекав рерната да се загрее на 190 степени Целзиусови, големиот плех за печење го обложив со алуминиумска фолија и ставив решетка во него. Потоа го отворив пакетчето со сланината и извиткав неколку ленти сланина, пред да ги наредам на решетката.
Виткањето на сланината ми одзеде повеќе време и дел од неа почна пак да се одвиткува. Исто така, оставив и неколку парчиња прави за да направам споредба.
Откако го наполнив плехот, го наместив тајмерот на 30 минути според упатствата на ТикТок и го ставив плехот во рерна. По 30 минути сланината изгледаше крцкаво, па ја извадив да се олади. Како што ветуваат во видеото, сланината беше мешавина од крцкаво и помеко и не беше премногу мрсна.
За време на готвењето, мрснотијата се слеала на алуминиумската фолија, па немаше потреба да се става дополнително на хартија за да се исцеди. За разлика од ова, правите парчиња беа крцкави во целост и малку посуви од извитканите.“
Како што вели таа, во иднина ќе се задржи на подготовката на сланината на вообичаениот начин затоа што виткањето одзема повеќе време, а чистењето мрснотија од сланина од решетката воопшто не е забавно.
Сепак, таа нагласува дека ако сакате мешавина од крцкава и пожива сланина, тогаш виткањето е вистинскиот метод за вас.
Погледнете го видеото за подготвка на сланината објавено на ТикТок:
@richardeats Twisted Bacon. Absolutely delicious. @babyphotog @lowcarbstateofmind @houseofketo #Bacon #LearnOnTikTok #EasyRecipes #CrispyBacon #Delicious #Yum #
♬ original sound - RichardEats
Сепак, треба да имате предвид дека за вкусовите не се расправа и секој има свој начин како би сакал да ја јаде сланината: покрцкава или пожива, или пак во комбинација од двете.
Доколку и вие сте од оние што ја сакаат сланината пожива со помалку крцкави делови тогаш овој начин на подготовка е за вас.
Доказ за тоа е и тоа што има и такви на кои што овој начин на подготовка на сланината им се допаѓа, да ги погледнеме во продолжение:
https://www.instagram.com/p/B9kTOKVg5Ns/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/COImFtzBs-U/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CN7xmgehQgI/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело