Здрави, слатки колачиња со бадемово брашно и (домашна) Нутела
-->
Овие колачиња претставуваат одлична можност да вкусите нешто слатко без да се грижите за премногу калории или нездрави намирници.
Се прават од бадемово брашно и домашна Нутела, лесно и брзо што дури и почетник во готвењето нема да ги „промаши“.
-->
Потребни состојки:
- 250 g бадемово брашно
- 85 g путер или во замена вегански путер по желба (бадемов или путер од кикиритки)
- 5 лажици стевија или засладувач по вкус
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 150 g Нутела или друг чоколаден крем во здрава варијанта
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180˚С. Поставете хартија за печење врз поголемо тавче и оставете го настрана.
- Со миксер на средна брзина изматете го путерот (претходно оставен на собна температура) заедно со стевијата, а потоа додадете го екстрактот од ванила додека смесата не стане воздушеста и компактна.
- Додадете прво ½ шолја бадемово брашно. Ќе забележите дека тестото ќе почне да станува ронливо, но и лесно лепливо доколку се притисне.
- Откако ќе го додадете преостанатото бадемово брашно и смесата добро ќе се соедини, обликувајте мали топчиња од истата. Поставете ги врз хартијата за печење и со палецот притиснете го секое за да направите мало дно (сосема нормално е смесата малку да распукне).
- Печете ги колачињата 12-14 минути или додека не добијат златнокафеава боја. Оставете ги да се оладат најмалку 10 минути после вадењето од рерната, затоа што се многу кршливи додека се топли.
- Секое колаче наполнете го со половина лажичка купечка или домашна Нутела. Рецептот за домашна Нутела може да го видите ТУКА.
(O)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Прсти да излижете: Мафини полнети со Нутела и чоколаден фил
Мафини од кои тече Нутела крем, а се декорирани со шлаг. Звучи примамливо нели!?...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
-->