Домашна Нутела која се прави во блендер
Нутелата е едно од нештата за кои вечно ќе им бидеме благодарни на Италијанците.
Денес постојат многу верзии на ова слатко задоволство но сепак, штом го кажете името Нутела луѓето веднаш знаат дека зборувате за тој специфичен вкус на кој ретко кој може да одолее.
Следниот рецепт ќе ви помогне да си направите домашна Нутела за само неколку минути.
Сепак она што е многу важно за овој рецепт е да користењето на квалитетен блендер кој убаво ќе ги соедини состојките така што нема да имате никакви грутчиња.
Потребни состојки:
- 150g лешници
- 150g шеќер во прав
- 75g какао
- 200g стоено темно чоколадо
- 3 лажици масло од репка
Подготовка:
Печете ги лешниците на температура од 180°C околу 15 минути.
Печените лешници, шеќерот во прав, какаото, стоеното темно чоколадо и маслото ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Добиената смеса ставете ја во тегла и оставете ја преку ноќ во фрижидер.
https://www.facebook.com/watch/?v=1108088695936296
М. С. | Црнобело