По италијански рецепт: Мус од чоколадо со сос од калинка

Ретко кој може да одолее на чоколаден мус. Овој рецепт од најреномираната академија за кулинарство во Италија „АЛМА“ прави совршена комбинација од чоколадо со сос од калинка. Воодушеветe ги блиските со ова слатко задоволство.

po-italijanski-recept-mus-od-cokolado-so-sos-od-kalinka-01.jpg

Мус од чоколадо со сос од калинка (Spuma di cioccolato, salsa al melograno)

За пената:

  • 60 гр црно чоколадо
  • 60 гр вода

За сосот од калинка:

  • 240 гр сок од калинка
  • 80 гр сок од лимон
  • 4 гр кантен (агар)
  • 35 гр шеќер
  • рендана кора од лимон

За бисквитот од лешници:

  • 25 гр лешници
  • 25 гр шеќер
  • 50 гр паста од лешник

po-italijanski-recept-mus-od-cokolado-so-sos-od-kalinka-01.jpg

Подготовка:

  • Водата се зоврива и се прелева преку чоколадото исечкано на мали парчиња. Се меша добро и се остава да се излади, а кога е ладно се мати со миксер.
  • Сокот од калинка и од лимон и шеќерот се загреваат заедно со кантенот и се оставаат да зовријат неколку минути за да се стопи кантенот.
  • Се додава кората од лимон, се покрива површината со пластична фолија и се остава да се излади. Потоа се мати со миксер.
  • Шеќерот се карамелизира и се додаваат лешниците. Кога ќе се излади се ситни во блендер и се соединува со пастата од лешник.
  • Добиената смеса се развлекува меѓу два листа хартија за печење. Се остава да се излади и потоа од смесата се вадат саканите форми.

Послужување:

На чинијата прво се става бисквитот од карамел и лешници, на него се нанесува малку од сосот, а останатиот сос се додава на чинијата како декорација.

Врз бисквитот и сосот се нанесува пената од чоколадо. Се украсува со зрна какао, овошје, сезонски билки и цвеќе.

Доколку сте љубители на италијанска храна погледнете и: Италијански рецепти: Совршени равиоли на два начина и десерт со рибизли

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg