Највкусниот есенски десерт - мирисливи јаболка со прелив од карамела

Јаболката со прелив од карамела се еден од највкусните есенски десерти, а за да ги направите не ви требаат некои посебни вештини за готвење.

najvkusniot-esenski-desert-mirislivi-jabolka-so-preliv-od-karamela-01.jpg

Рецептот во продолжение е многу лесен, а резултатот се вкусни и мирисливи карамелизирани јаболка, на кои нема да одолеете.

Потребни состојки:

  • 7 мали јаболка
  • 3 лажици блага хопла
  • Дрвени стапчиња (можете да употребите и од оние за ражничи)
  • 400g карамела
  • Кикиритки, чоколадни трошки, ореви, кокос за декорација (по желба)

najvkusniot-esenski-desert-mirislivi-jabolka-so-preliv-od-karamela-04.jpg

Начин на подготовка:

  • Отстранете ги дршките на јаболката, измијте ги со топла вода и избришете ги. Уште подобро е ако ги оставите во фрижидер неколку часа пред да почнете со десертот.
  • Ставете ги стапчињата на јаболката, така што ќе бидат како дршки. Наредете ги јаболката во еден сад, а во разни плитки садови ставете ги додатоците за украсување, како кикиритки и чоколадни трошки.
  • Во тенџере ставете ги карамелата и хоплата и оставете го на тивок оган додека не се растопи карамелата. Оставете ја смесата околу 5 минути да се излади, за карамелата подобро да се залепи за јаболката.
  • Држејќи ги јаболката за стапчето, потопете ги во смесата со карамела и хопла и разлејте ја низ целото јаболко. Веднаш потоа, додека карамелата е уште топла, додајте ги и кикиритките, чоколадните трошки или какви било додатоци по желба.
  • Наредете ги јаболката во сад обложен со хартија за печење, а потоа оставете ги да се стврднат.

Вака приготвените јаболка можете да ги чувате во фрижидер и до две недели.

najvkusniot-esenski-desert-mirislivi-jabolka-so-preliv-od-karamela-05.jpg

najvkusniot-esenski-desert-mirislivi-jabolka-so-preliv-od-karamela-03.jpg

najvkusniot-esenski-desert-mirislivi-jabolka-so-preliv-od-karamela-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Зимски колач со јаболка и сладолед - се топи во уста Ако еднаш го пробате овој колач, ќе го подготвувате и за себе и за кога ќе ви се...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg