„Подобра и од руска“ – Метропол салата, совршена за мезе и во комбинација со скара

Есента значи пониски температури и „појаки“ јадења. Овој пат имаме одлична крем-салата која ја надминува и добро познатата „руска“ салата. Слична, но сепак различна.

Metropol-salata-01.jpg

Доколку сакате да испробате нешто ново, нашиот предлог е Метропол салата:

Потребни состојки:

  • 4-5 компири со средна големина
  • 2-3 моркови
  • 4 јајца
  • ½ страк праз
  • 150 g чадено мисиркино месо
  • 180 g кисела павлака + 150 ml мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • ½ лажичка сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

  • Сварете ги компирите и морковите во солена вода, а потоа исечкајте ги на ситни коцки.
  • Сварете ги јајцата (варете околу 8 минути), а потоа прелијте ги со ладна вода. Откако добро ќе се оладат, излупете ги и исечкајте ги ситно.
  • Исечкајте ги ситно празот, посолете и оставете го да отстои околу 30 минути.
  • Исечкајте го ситно и мисиркиното месо и заедно со останатите подготвени состојки измешајте ги во подлабок сад.
  • Помешајте го мајонезот со киселата павлака и сенфот и додадете во садот. Зачинете по вкус со сол и бибер.
  • Салатата може да ја подготвите и 2 дена порано и да стои во фрижидерот на ладно, бидејќи така вкусовите подобро ќе се соединат.

Metropol-salata-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg