Совршен есенски ручек: гравче-тавче со везени, суви пиперки за лижење прсти

Зарем има помакедонски ручек од гравче-тавче? А кога е во комбинација со везени, суви пиперки, приказната завршува тука. Започнува апетитот и барање за репете порција.

Tavce-gravce-so-vezeni-suvi-piperki-01.jpg

Гравчето е дефинитивно јадење за секоја сезона, но особена добар шмек има наесен, кога црвените суви пиперки му даваат додатен шмек и вкус:

Потребни состојки:

  • 500 g тетовски грав
  • 2 главици кромид
  • Неколку суви, везени пиперки
  • За запршката:
  • 2-3 лажици бело брашно
  • 1 лажица буковец
  • 1 лажица црвен пипер
  • 2-3 лукчиња
  • Сончогледово масло по потреба
  • Сол, бибер, мешан сув зачин, ловоров лист

Начин на подготовка:

  • Гравот се покиснува во вода и се остава преку ноќ. Утредента се истура водата, се става нова (околу 2-2,5 l) и се вари во експрес лонец, заедно со кромидот и сувите пиперки. Внимавајте да не го преварите, потребни ви се 10-15 минути минути, бидејќи е веќе „откиснат“.
  • Во меѓувреме се подготвува запршката. На масло се пропржува брашното на тивко, се додава ситно сечкано лукче и зачини по желба. При крајот се додава кромидот од експрес лонецот кој веќе е омекнат и пожелно е да се испасира во блендер. Добро ја мешаме запршката.
  • Во подлабок земјен сад или огноотпорна тава го промешува гравчето со запршката. Врз него ги ставаме везените пиперки и по желба кромид на тркалца.
  • Печеме со капак во загреана рерна на 200 степени. Откако водата ќе изврие, го тргаме капакот и оставаме гравчето да се запече со тенок „сув“ слој, но сосема кратко за да не изгори.

Tavce-gravce-so-vezeni-suvi-piperki (3).jpg

Tavce-gravce-so-vezeni-suvi-piperki (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg