Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто хумусот е најздрав и највкусен намаз на светот и како да го подготвите дома?

Ако сте љубители на леблебија и здрава храна – со сигурност обожавате хумус. Прогласен е за највкусен намаз на светот. 

zoshto-humusot-e-najzdrav-i-najvkusen-namaz-na-svetot-i-kako-da-go-podgotvite-sami-01.jpg

Хумус на арапски значи „леблебија“, а легендата вели дека оваа мешунка растела уште во библиските времиња, во градините на Вавилон.

Археолозите сметаат дека ова не е далеку од вистината – наутот се одгледувал на Блискиот Исток пред десетици илјади години – од таму стигнал во стара Атина и Рим, па под влијание на моќните држави се проширил низ Медитеранот.

Кога за првпат леблебијата била претворена во овој намаз, не се знае точно. Затоа многу земји од Египет до Грција за себе велат дека се татковина на хумусот.

zoshto-humusot-e-najzdrav-i-najvkusen-namaz-na-svetot-i-kako-da-go-podgotvite-sami01.jpg

Хумусот е еден од најздравите намази бидејќи содржи изобилство на белковини, минерали, витамини, аминокиселини и влакна.

Неговиот шмек е во тоа што основните состојки се секогаш исти – леблебија, таан, лук и лимон, а вашата фантазија може да му даде безброј варијации.

На Блискиот Исток хумусот е задолжително предјадење. Помешан со маслиново масло и зачини, се служи како мезе на големи чинии за да ја збогати погачата (пиде), со фалафел, ќофтиња со сусам, салата од краставици, риба, пилешко...

zoshto-humusot-e-najzdrav-i-najvkusen-namaz-na-svetot-i-kako-da-go-podgotvite-sami05.jpg

Секоја кујна му додава свој препознатлив шмек на хумусот. Турците наместо маслиново масло ставаат путер, Грците јогурт, а на Западот хумусот може да биде со зеленчук, маслинки, нане, бибер, пиперка. Омилен е во секоја комбинација – канапеи, скара, сендвичи...

zoshto-humusot-e-najzdrav-i-najvkusen-namaz-na-svetot-i-kako-da-go-podgotvite-sami03.jpg

Како да си подготвите домашен хумус?

Потребни намирници:

  • 2 чаши варен наут (ако го подготвувате дома) или конзервиран наут
  • 1/2 чаша таан 
  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • сол и бибер
  • сок од 1 лимон

Начин на подготовка: 

  • Ставете ги сите намирници во блендер и блендирајте.
  • Додадете малку од водата во која се варел наутот (или водата од конзервата/теглата наут), додека не добиете смеса со густина на пире.
  • Добиената смеса ставете ја во еден сад и хумусот е подготвен за сервирање. Декорирајте со магдонос и маслинки.

Подготовката на хумусот пожелно е да ја планирате однапред, бидејќи наутот треба претходно да го киснете. Најдобро е да го оставите да преноќи во вода. Доколку бил потопен 8 часа, потребно е да го варите околу 1 час, а доколку бил покиснат 12-16 часа, ќе треба да го варите нешто помалку од еден час.

 zoshto-humusot-e-najzdrav-i-najvkusen-namaz-na-svetot-i-kako-da-go-podgotvite-sami04.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg