Совршен летен рецепт – солени палачинки со тиквички и 3 вида сирење

Сезоната на тиквичките е започната и не можеме да бидеме посреќни. Како неутрален зеленчук, тиквичките одлично може да се вклопат во многу солени, но и слатки рецепти, па дури и да направиме тестенини од тиквички во замена за стандардните.

Soleni-palacinki-od-tikvicki-01.jpg

Овојпат за вас имаме неодолив летен рецепт, совршен за појадок, вечера или мезе – солени палачинки од тиквички. Еве како може да ги подготвите:

Потребни состојки:

  • 700-800 g тиквички
  • 3 јајца
  • 10 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • ½ шолја рендан пармезан
  • ½ шолја рендан чедар кашкавал (или друг по вкус)
  • ¼ шолја рендана моцарела (или обично сирење)
  • Зачини по вкус: сол, куркума, вегета, бибер, магдонос, лук во прав …
  • Исечкан млад кромид заедно со перцата
  • Кисела павлака по желба како сос

Начин на подготовка:

  • Измијте ги, излупете ги тиквичките и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Посолете ги и оставете да отстојат 15 минути.
  • Потоа добро исцедете ги за да го отстраните вишокот вода од нив. Додадете ги јајцата и измешајте ја добро смесата со виљушка.
  • Потоа додадете го брашното и прашокот за печиво како и зачините по вкус и повторно измешајте. На крајот додадете ги трите вида сирење и уште еднаш добро промешајте.
  • Во загреана тава која сте ја премачкале со малку масло оформете една палачинка од смесата во големина според вашата сопствена желба и печете на средна температура од двете страни додека добро не се зарумени.
  • Сервирајте ги со ситно исечкан млад кромид и сос од кисела павлака по желба.

Soleni-palacinki-od-tikvicki (4).jpg

Soleni-palacinki-od-tikvicki (2).jpg

Soleni-palacinki-od-tikvicki (3).jpg

Soleni-palacinki-od-tikvicki (5).jpg

Soleni-palacinki-od-tikvicki (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg