Брзи, посни бомбици со урми и ореви, идеални за слави и празници
Доколку постите, се подготвувате за посна слава или едноставно сакате да се храните поздраво, а да не се лишите од слатки работи, веднаш ќе ги засакате овие бомбици.
Се прават мошне лесно и брзо, а потребни ви се само 4 состојки:
- 300 g урми
- 120 g ореви
- 20 g кокос
- 2 лажици сок од портокал
Начин на подготовка:
1. Исечкајте ги ситно урмите и оревите. Измешајте добро, а доколку смесата ви е премногу леплива додадете 1-2 лажици сок од свежо исцеден портокал (или малку повеќе, во зависност од текстурата на смесата).
2. Обликувајте топчиња и извалкајте ги во кокос или мелени ореви.
*(по желба може да додадете кокос и во самата смеса пред обликувањето)
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Посни бомбици со портокал, одличен десерт за велигденските пости
Без оглед дали ќе постите еден ден, една недела или во сите денови од постот пре...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви
Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис.
...

Кремаст чизкејк со кокос, без печење
Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...

Посни пржени лепчињa - крцкави и вкусни
Што мислите за посна варијанта на вашиот омилен појадок? Мора да ги пробате овие...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...