Десерт на денот: Лесна торта со редени слоеви сладолед

Десерт кој не треба да го печете, само треба да наредите неколку слоеви сладолед и да го замрзнете – звучи идеално за лето, нели?

desert-na-denot-lesna-torta-so-redeni-sloevi-sladoled-01.jpg

Во лето, кога ретко кој сака да пече и да поминува многу време во кујна на топло, брзите, лесни и ледени десерти ни се омилени.

Овој летен десерт ќе ви дојде како одлично чоколадно освежување, а се подготвува многу лесно.

Сè што треба да направите е да издробите Oreo или слични колачиња и одозгора да редите слоеви купечки или домашен сладолед, шлаг и чоколадна глазура и да замрзнете.

Можете да одберете вкусови и состојки по ваша желба, а ние ги предлагаме следниве:

Потребни состојки:

  • 36 сендвич колачиња (Oreo или слични)
  • 115g несолен путер, стопен
  • Една кутија чоколаден сладолед, омекнат
  • Една кутија сладолед по желба (карамел, бисквити, лешник или нешто друго)
  • 400g чоколадна глазура или прелив
  • Шлаг пена
  • Трошки за декорација

Начин на подготовка:

Издробете ги колачињата во блендер и измешајте ги со стопен путер. Истурете ја смесата во тава и измазнете ја, па ставете да се замрзне 15-тина минути.

desert-na-denot-lesna-torta-so-redeni-sloevi-sladoled-02.jpg

За тоа време, измешајте го во сад чоколадниот сладолед за да нема смрзнати грутки додека не добиете мазна смеса. Истурете го сладоледот врз смрзнатите колачиња и ставете повторно во замрзнувач 15 минути.

desert-na-denot-lesna-torta-so-redeni-sloevi-sladoled-03.jpg

За тоа време, истурете го и другиот сладолед во сад и добро измешајте додека смесата не стане мека и мазна. Полека истурете го врз чоколадниот сладолед и повторно замрзнете 15 минути.

desert-na-denot-lesna-torta-so-redeni-sloevi-sladoled-04.jpg

Истурете ја чоколадната глазура врз вториот слој сладолед, но ако е топла внимавајте може да се соедини со сладоледот (што не е страшно). Замрзнете уште 15 минути.

desert-na-denot-lesna-torta-so-redeni-sloevi-sladoled-05.jpg

На крај ставете шлаг пена и декорирајте со чоколадни или шарени трошки или со други додатоци по желба.

desert-na-denot-lesna-torta-so-redeni-sloevi-sladoled-06.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg