Десерт на денот: Пролетна пита со црвено овошје

Оваа пролет рецептот кој нема да престанете да го правите е овошната лисната пита.

recept-na-denot-proletna-pita-so-crveno-ovoshje-01.jpeg

Лиснатата пита полнета со сочни црвени овошја ќе ви стане омилен десерт вас и на вашите најблиски.

Лесна, свежа и превкусна за пролетните денови – вреди да ја пробате.

Потребни состојки:

  • 100g шеќер
  • 1 жолчка
  • 5 лажици вода
  • 250g брашно
  • Прстофат сол
  • 125g ладен путер

За фил:

  • 80g боровинки
  • 250g јагоди
  • 150g шеќер (100g за овошната мешавина и 50g за наросување)
  • 2 лажици нишесте
  • 1 матено јајце
  • сладолед за сервирање 

Начин на подготовка: 

Во сад измешајте ги шеќерот, жолчката и водата. Во друг сад, измешајте ги брашното, солта и путерот исечен на коцки. Со врвот на прстите стискајте и направете дупка во средина, па истурете ја течната мешавина со жолчката. Измешајте ја добро смесата со дланките.

Покријте го тестото со фолија или ставете го во кеса и ставете во фрижидер барем 2 часа.

Во сад истурете ги капините и јагодите и измешајте ги со 100g шеќер.

Поделете го тестото на два дела и растегнете ги со сукало. Едното тесто ставете го врз плех за печење и истурете ја овошната мешавина. Другото тесто исечете го на ленти и поставете ги попречно одозгора.

Печете на загреана рерна од 180⁰С, 30 минути. Сервирајте со сладолед од ванила.

Детална постапка погледнете во видеото:

https://www.facebook.com/watch/?v=1100332736726611

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg