Идеи како да ја декорирате храната за Нова година и Божиќ
Со вистинските идеи, послужувањето на храната лесно може од обврска да се претвори во задоволство.
Па, ако годинава решивте да сте домаќин за новогодишните и божиќни празници, вреди да се потрудите.
Сите идеи во продолжение се подготвуваат лесно, брзо и од едноставни состојки:
1. Бомбици од меко сирење или крем сирење, со соленка и обложени во кршени бадеми, суви брусници или додатоци по ваша желба.
2. Триаголници од тесто украсени со состојки и намази по вкус.
3. Топчиња тесто испечени во облик на новогодишна елка, послужени со пармезан, зачини и доматен сос.
4. Печен камембер опкружен со топчиња тесто, за мацкање.
5. Коцки за мезе, направени од тортиља, крем сирење намаз и чаден лосос. Плус копар по желба.
6. Венец од мини чери домати и моцарела со босилек.
7. Даска ладни мезиња сервирани во облик на елка.